Македонска академија на науките и уметностите

Истражувачки центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ)

       
Дигитален архив на македонскиот јазик
       
   


   Во периодот кога Европската Унија и останатите демократски земји се залагаат и го поттикнуваат зачувувањето на културното наследство на народите (материјалното и духовното) во дигитална форма, се наметнува потребата за дигитализација на ретки книги и материјали поврзани со македонскиот јазик. Со овој дигитален архив, можноста за продорот на македонскиот јазик, литература и култура во светот ќе биде зголемена, а материјалите ќе станат подостапни. Научниците, лингвистите, проучувачите на културата, историјата и традицијата на Македонија и на македонскиот јазик отсега ќе имаат пристап до ресурсите кои би им помогнале и би ги поттикнале тие проучувања, а со тоа би придонеле за поширока афирмација на македонскиот јазик во светски рамки.
       Дигиталниот архив на македонскиот јазик се формира по пат на собирање, категоризирање, сканирање и дигитална обработка на ретки книги и материјали во врска со македонскиот јазик, култура и традиција. Со текот на времето, тој ќе се надополнува и ќе го зголемува својот обем со нови ракописи, материјали и ретки книги.
       Дигиталниот архив на македонскиот јазик е наменет пред сè за афирмација на македонскиот јазик во светот и е целосно бесплатен за користење, пребарување и симнување на материјалите.


Резултати:

- Македонскиот јазик, литература и култура ќе станат достапни до сите заинтересирани не само во Македонија, туку и во целиот свет. Со тоа ќе се зголеми многукратно можноста за проучување и афирмација на македонскиот јазик преку едноставно преземање на содржините преку Интернет.

- Ќе се придонесе кон трендовите на Европската Унија и пошироката заедница за зачувување на духовното културно наследство во дигитална форма.

- Дигиталниот архив на македонскиот јазик ќе биде основа за создавање електронски корпус на македонскиот јазик со што уште повеќе ќе се зголеми присутноста и афирмацијата на македонскиот јазик на светско ниво.

   
 

Дигитален архив
на македонскиот јазик

  Текстови 

2008 – Година на македонскиот јазик

 
       
 



Македонска академија на
науките и уметностите


UNESCO - Меѓународна година на јазиците

 
     
 



Истражувачки центар за
ареална лингвистика



Контакт:

Координатор на проектот

проф. д-р Марјан Марковиќ

e-mail: markovic@ukim.edu.mk

 
       
 


   
       
 
   


Македонска академија на науките и уметностите

Истражувачки центар за ареална лингвистика

бул. "Крсте Мисирков" бр.2
1000 Скопје, Р. Македонија

тел.: +389 2 3235-400
факс: +389 2 3235-500

e-mail: ical@manu.edu.mk
web: www.manu.edu.mk

   
 
Creative Commons LicenseОсвен во случаите каде што е наведено поинаку, делата на оваа страна се лиценцирани со лиценцата Криејтив комонс Наведи извор 2.5 Македонија.
Бројачот е активиран на
16 јули 2008 година во 12 часот.